Дали просјаците имаат право на куче?

Прашањево не го поставува, ама го одговара една француска група за заштита на правата на животните. Да скратиме тензија, одговорот е - не.

На ЈуТјуб се појави видео во кое членовите на Cause Animale Nord, од раце му го земаат кутрето на еден бездомник. Во непријатниот след на настани, активистите и покрај молбите и плачењето на бездомникот му го предаваат кучето на еден од соработниците кој со бегање заминува од местото.

"На нивната Фејсбук страна, киднаперите (не знам како поинаку да ги наречам) промовираат однесување кое одекнува со нацизам: 'Му го одземавме кучето на питачот Ром. Полицијата не реагираше, па ние реагираме.' Би било бескорисно во нивниот триумфален извештај да бараме каков било знак на засраменост за тоа што се вмешале во судбината на две живи суштества кои само си ја гледале своја работа. Киднаперите дури и ја прекрстиле својата жртва во 'Веган' - наспроти очигледната реалност дека кучињата се месојади - што многу зборува за нивната подготвеност да ја наметнат својата визија врз други," пишува Масимо Грамелини за Ла Стампа.

Видеото од целиот настан:

1 октомври 2015 - 17:02