Твојот црн дроб не знае дека се новогодишни празници

Десантот на сите можни параметри што ги следи вашиот црн дроб извршен од сиот криминал што го правите последниве 20 дена, премногу јадење и пиење, премалку спиење, комплетно го вади од ритам вашиот организам, поточно функциите што се извршуваат во него.

Во случај да имате проблеми со варење или се чувствувате дека немате енергија, тоа најверојатно се должи на тоа што вашиот црн дроб не работи синхронизирано со остатокот од телото. Она што последниве години се повеќе го нагласува хронобиологијата (наука за биолошкиот ритам) е важноста на "одржување на конзистентен распоред за доброто на вашиот црн дроб".

Еднодневниот (циркадијален) ритам е клучен за да му помогне на црниот дроб да ги предвиди потребите на телото во текот на денот, како чување резерви на енергија по оброци и ослободување на истата кога спиеме.

Дневниот циклус на црниот дроб се оформува од комбинација меѓу спиење, храна и алкохол. Спиењето влијае на главниот часовник во нашиот мозок, а како и најголемиот дел од останатите органи црниот дроб делумно е управуван од овој централен ритам. За разлика од мноштвото, црниот дроб има и свој внатрешен часовник на кој влијаат храната и алкохолот, така што дури и краткорочните промени кај овие два фактора влијаат неговата способност да ги обработува мастите.

Она што докторите имаат да препорачаат за периодов е умереност во претерувањето по основа алкохол и храна, и редовно спиење, што би му дошло легнување најмногу два часа подоцна од вашиот редовен просек. Бонус совет - пешачење наутро.

26 декември 2016 - 16:00