Темната страна на кокосот

Тој што е за јадење и пиење е ок, ама оној што ви мириса кога сте на полна плажа, не баш.

Чистото кокосов масло е здраво за користење и во исхраната и во негата на кожата меѓутоа модифицирано масло кое може да се најде во низа препарати за лична хигиена (од шампони до бои за коса) содржи познат карциноген елемент.

Се работи за кокамид ДЕА (cocamide diethanolamine) кој се става да се добие кремаста структура на производот. Тој елемент е веќе познат алерген но во поголеми дози се поврзува со предизвикување рак. 

Што е висока доза? Според Меѓународната агенција за истражување на канцерот, тоа би било 10.000 делови во милион, или еден милиграм во литар.

А на рафтовите ширум  постојат стотици производи со толкава доза. Надлежната американска агенција за храна и лекови сè уште не ја признава поврзаноста на ДЕА и ракот иако уште од 1998-ма година постојат релевантни студии на таа тема.

Експертите препорачуваат да избегнувате производи кои содржат некој од долунаведените елементи:

Cocamide DEA
Cocamide MEA
DEA-cetyl phosphate
DEA oleth-3 phosphate
Lauramide DEA
Linoleamide MEA
Myristamide DEA
Oleamide DEA
Stearamide MEA
TEA-lauryl sulfate
Triethanolamine

 

22 мај 2014 - 11:50