„СМС врат“ сабја не го сече

Смартфоните создаваат генерација на искривени вратови. Ортопедите не се сигурни дека денешно 8 годишно дете кое окапува на телефон веќе на 28 години нема да биде зрел за операција.

Лекарите во западниет земји забележуваат драстичен пораст на проблеми со ’рбетот и вратот, особено кај младата популација. Не се неопходни скапи истражувања за да се дојде до причината: начинот на живот на тие луѓе во кој огромен дел од денот главата е свиткана надолу, накај екранот на мобилниот телефон.

На нормална рентген снимка, вратот има природна заобленост, но таа крива која го олеснува држењето на главата и притисокот врз ’рбетот се дисторзира кај таканаречените „СМС вратови“, оние кои без усул го дружат својот смартфон.

Откако човекот се исправил на нозе, природната позиција на главата е да биде исправена за тој да гледа напред. Модерната технологија му ја враќа надолу, под агол од 45 степени, вообичаената позиција на буричкање по телефон. Студии велат дека пострашно е кога се седи отколку кога се стои. 

Во вообичаената позиција на главата (кога се гледа право), таа на вратот му тежи околу 4-5 килограми. На закривеност од 15 степени се чувствува како 13 килограми а на агол од 60 степени таа на вратот му прави тежина од околу 30 килограми.

19 април 2017 - 12:25