Теорија и пракса

Сите сте посилни од билдер, ама немој да пробувате

Грам за грам мускулите на бодибилдерите се послаби отколку оние на луѓе кои никогаш немаат допрено тегови, тврдат истражувачи кои очигледно сакаат да ни направат проблеми на врата.

Истражувањето потврдува дека бодибилдерите имаат извонредно големи мускулни влакна, кои можат да генерираат далеку поголема сила од она што е нормално за просечен човек.

Меѓутоа, она што изненадува во студијата на Манчестер Метрополитен Универзитетот, е дека грам мускул на бодибилдер има помалку сила отколку истата количина на ткиво кај некој што не вежбал.

"Се покажа дека билдерите имаат послаб квалитетот на мускулот. Изгледа дека претераниот раст на мускулите има одлучувачки ефект на квалитетот на мускулот, и дека на човек може и да му е подобро да има мускули со нормална големина отколку метаболички скапи големи мускули," објаснува професорот Ханс Дагенс.

Логиката која ги спојува двете тврдења од досегашниот дел од текстот е дека билдерите имаат претерано многу мускулна маса, и со неа компензираат за слабоста по грам мускул, па за тоа можат да креваат нечовечки тежини. Научниците сметаат дека слабоста потекнува од недостаток на протеин во мускулот чија задача е да генерира сила.

Во испитувањето освен билдери биле тестирани и спринтери и обични луѓе кои биле физички активни ама не зголемувале килажа.

За разлика од билдерите, атлетичарите / спринтерите имале повисоко ниво на квалитет на мускулот.

"Методот на вежбање се покажа дека има влијание на квалитетот на мускулот, што е од голема важност за тренерите заинтересирани за подобрување на перформансите и изгледот на нивните спортисти," објаснува Дагенс.

2 октомври 2015 - 15:45