Што е паниката околу зика вирусот?

Веста беше дека некои трудници заразени од некој вирус зика кој го пренесуваат комарци родиле бебиња со сериозно недоразвиен мозок и глава. Меѓутоа овие трудници беа во Бразил, па и не беше некоја паника заради логиката "што друго можеш да очекуваш во Бразил?" Вирусот само што е откриен во САД и Европа.

Вирусот предизвикува сериозно оштетување на мозокот и парализа ако мајката го пренесе на фетусот: "Оние кои се инфицирани со зика за време на бременоста може да го пренесат вирусот на својот фетус. Во одредени случаи ова може да доведе до ужасни последици кои се поврзани со мала глава и недоволен развој на мозокот. Болеста се нарекува микросефалија, и бебињата родени со ова имаат ограничен животен век и лоша мозочна функција."

Минатата недела портфолиото на зика беше надополнето и со предизвикување на Гијен-Баре синдромот, кој доведува до одредена форма на парализа.

Новите анализи на вирусот покажуваат дека тој може да биде и сексуално пренесен, иако ова за сега е ретка појава и во медицинската литература е забележана само во неколку случаи, " експертите чувствуваат дека заканата од ова е доволно голема за да ги предупредуваат патниците, а не само трудните жени, за потенцијалната опасност."

Првите извештаи за вирусот пристигнуваат од Бразил каде се пријавени 3.893 случаи на микросефалија, што е 30 пати повеќе во која било година од 2010-та. Најтешко погодена е сојузната држава Пренамбуко, во која меѓу 1 и 2 проценти од новороденчињата се родени со оваа болест.

На 25-ти јануари СЗО објавува дека зика вирусот најверојатно ќе се рашири низ цела Америка (горна-долна) затоа што го пренесуваат комарци. Исклучоци од ова се Канада и Чиле. Во исто време американскиот Центар за контрола на болести објави список на земји кои трудниците треба да избегнуваат да ги посетуваат. На списокот е речиси цела Средна и Јужна Америка: Бразил, Колумбија, Ел Салвадор, Француска Гвајана, Хаити, Хондурас, Мартиник, Мексико, Панама, Парагвај, Суринам, Венецуела, Порто Рико, Барбадос, Боливија, Еквадор, Гвадалупе, Сент Мартин, Гвајана, Кејп Верде и Самоа.

Паралелно со американските предупредувања, дел од земјите од списокот како превенција почнаа да ги предупредуваат жените да ја одложат бременоста за неколку години, препораката на здравствените власти на Ел Салвадор е барем до 2018-та. Во земјата се регистрирани барем 492 случаи.

28 јануари 2016 - 12:19