Еден бауч кружи над американските глави

Мислевте само ние ќе ќариме од еволуцијата? Мутрирани вошки, отпорни на сите познати средства против нив, сериозно се шират низ градовите на Америка. Веќе добија таблоидно податливо име "супер вошки" а почнаа да фрчат медиумски предупредувања од типот: "Кријте ги децата, кријте ги главите!". Чешањето може да започне.

Според ново истражување презентирано на националната средба на Американското здружение за хемија, популацијата на вошките во најмалку 25 американски сојузни држави станале резистентни на постоечките лекарства, шампони и други третмани против нив.

Вака изгледа мапата на САД за тоа во која држава еволуирале супер вошките (црвените):

За првпат имавме можност да испитаме сериозно голем примерок од разни делови на земјата и откривме дека 104 од вкупно 109 групации вошки кои ги тестиравме развиле високи нивоа на генетска мутација. Главно се работи за отпорност кон пиретроиди, семејство на инсектициди кои го вклучуваат и перметринот, активна супстанца која ја има во повеќето познати средства против вошки. За некое чудо, само во Мичиген се уште е лесно луѓето да се справат со вошките, соопшти истражувачот Кјонг Јун од Универзитетот во Јужен Илиноис.

Меѓу 6 и 12 милиони американски деца од 3 до 11 години годишно фаќаат вошки. И освен овие што сега постојат, човекот нема на располагање некоја друга хемикалија за која се знае дека е ефикасна против нив.

20 август 2015 - 10:16