Мора ли да не се пие?

Алкохол вс. диета

И покрај примерот што го дава силуетата на безбројни хронични алкохоличари, алкохолот е широкоградо забрануван во речиси секоја можна диета, а и таму каде што е дозволен тоа обично е во епски квоти од - една чаша вино неделно.

Циклусот на штета од алкохолот почнува со тоа што тој сам по себе е само калории без никаква хранлива вредност, а во поголеми количини (кај кој како) тој ги соборува сите можни човечки гардови (без разлика колку климави) околу тоа што и колку треба да се јаде, плус го стимулира апетитот и желбата за јадења што дебелеат.

Наспроти ваквиот круг на дебелеењето се бројни луѓе од вашата околина за кои сте чуле или редовно сведочите дека секојдневно пијат алкохол (во разумни колични), и упорно не се дебелеат.

Џејн Броди, авторка на книги за наука и исхрана, за текстот во Њујорк Тајмс истражува десетици студии од изминатите неколку децении на тема алкохол и дебелење. Она што го сфаќа по некое време читање студи е - "алкохолот останува една од најконтроверзните и збунувачки теми за луѓето кои сакаат да ја контролираат својата тежина."

Водејќи се по неколку научни стандарди таа како "најосновани" и со "најсилни докази" ги смета студиите на доктор Шапут, за кои заедничко е дека алкохолот различно делува кај различни луѓе. Шапут освен што е научник го кажува и својот личен пример дека успева да не се здебели и покрај "околу 15 пијачки неделно" затоа што јаде здраво, секојдневно вежба и редовно ја следи својата тежина.

Севкупно заклучокот на Броди е:

"Секој е различен. Студиите што ги разгледав наведуваат просечни резултати кај групи луѓе и со тоа ги прикриваат индивидуалните разлики. Дури и кога двајца луѓе кои почнуваат со иста тежена и јадат, пијат и вежбаат во исти количини, додавањето на алкохол во равенката завршува со различни поседици.

Критичната состојка е себе-мониторирање: редовно мерење на самиот себе, дури и дневно, во ист дел од денот и под исти околности. Ако си умерен пијач и видиш дека постепено качуваш килограми, пробај да намалиш, или да прекинеш со лакохол на неколку месеци за да видиш дали ќе ослабеш, ќе се здебели или ќе останеш на исто.

Или ако комплетно си прекиал со пиење ама постепено качуваш килограми а немаш медицинска или лична причина за апстинирање од алкохол, можеш да пробаш да пиеш по една чаша вино речиси секој ден, да видиш дали тежината ќе ти се стабилизира или можеби ќе почнеш да слабееш во следните месеци."

18 март 2017 - 14:46