Во Америка е отворен првиот Drive-Thru за марихуана

Диспанзерот за канабис е отворен во Колорадо и генерално функционира како останатите вакви сервиси „за носење“. Не излегуваш од кола, нарачуваш нешто од менито и ти стигнува кесиче полно радости.

Не е баш како на сликата ама ама механизмот е тој. Овде не пушташ рака низ џам туку со целата кола влегуваш во официјалниот и легален дилер на ганџа..

Главното правило е дека сите во автомобилот, дури и оние на задните седишта, мора да имаат над 21 година инаку колата не се пушта во продавницата.

Местото е Парашут, Колорадо, на располагање имаат 15-тина артикли а цените биле пристојни, од 6 долари па нагоре.

17 мај 2017 - 08:49