Веганска борба за веганско-коректен свет

Впрегнувајќи од тоа неисцрпна моќ за перпетуум-незадоволство, веган бара забранување на стара детска песна за "човек што убива лисица".

Барателката, веганка од германскиот град Лимбург, бара забрана за јавно пуштање на песната Fuchs, Du hast die Gans gestohlen (Лисицо, ја украде гуската), затоа што текстот ја вознемирувал. Не сакајќи да звучи непријатно, градоначалникот привремено и го удоволил барањето.

Во песната од 19-от век се пее за тоа како лисицата краде гуска од еден селанец, кој потоа трга да го улови штетникот. Селанецот е качен на коњ со пушка, па продолжува "банг-банг-банг пушката ќе пее, а ти ќе платиш ужасна цена".

Жената која го бара ова живее во близина на еден од карилоните (музички инструмент составен од серија камбани) низ градот, на кој се пуштаат само 33 песни, па таа и по неколку пати на ден ги слуша навредливите стихови.

Портпаролот на градоначалникот изјавил дека за сега "ја затвораат сезоната на лов на гуски," меѓутоа за некој месец песната ќе биде вратена во плеј-листата.

Во еден малку поорганизиран и помасовен проект, пред неколку месеци во соседна Франција, вегани и активисти за заштита на животните беа жигосувани со врело железо со цел да се промовира веганството и да се покаже страдањето на животните од фармите.

10 февруари 2017 - 16:39