Шест знаци дека сте многу чувствителни

Важна напомена: овде не се зборува за дијагноза, туку за тип на темперамент. Тоа значи дека ако сте машко, а се препознаете во описот, не сте плачипичка. А ако сте женско и не се препознаете, почекајте до ПМС.

Психологот Илејн Арон смета дека постои посебна категорија луѓе кои таа ги нарекува „високо сензитивни" (highly sensitive persons - HSP), а кои според неа чинат 15-20% од американската популација. За жал, во западните култури ова повеќе се смета за маана и за некаков дефект, отколку за предност која е основа на поинакво, поемпатично и попоетско доживување на светот.

Ваквиот темперамент е наследен, иако и околината игра голема улога во тоа како ќе се развива едно дете - сепак разликите се очигледни уште од мали нозе, и ако човек не може да си го смени темпераментот, може да развие механизми кои ќе му помогнат да излезе на крај со сопствената прекумерна чувствителност, и неа да ја употреби за нешто креативно и корисно.

Ваквата карактеристика се покажува како важна и од еволутивна гледна точка, во смисла на опстанок на групата. Иако не е добро баш сите нејзини членови да се пречувствителни, тие што се такви можат да укажат на потенцијални опасности, да ги забележат промените во однесувањето на другите, и да предвидат што ќе се случува во иднина - нешто како пророците во античките драми, или едноставно уметници, мислители, истражувачи и луѓе пред да станат политичари.

Еве најмалку 6 знаци кои укажуваат на можноста да се квалификувате како МЧЛ (многу чувствителна личност)

1. Како мали ве опишувале како срамежливо или чувствително дете;

2. Забележувате суптилности во околината, работи на кои други луѓе не обрнуваат внимание;

3. Лесно се раздразнувате од звуци и генерален неред околу вас;

4. Се заљубувате длабоко и брзо;

5. Совесни сте и одговорни во работата;

6. Имате бујна фантазија;

Ако сè уште имате дилеми, ова е тест кој недвосмилено ќе ви укаже на тоа дали спаѓате во оваа категорија.

Никој од нашата редакција не покажа вакви својства. Ама имаше такви кои на петтото почнаа да плачат, па сметавме дека нема потреба да го довршат.

23 мај 2014 - 12:50