Од каде му е знаењето на Исланд?

Бројката која е на добар пат да стане еден од најзапаметените факти од Еуро 2016, е дека околу 10% од вкупната популација на Исланд моментално се наоѓа во Франција, и навива за својата репрезентација. Она што чуди е како овој изолиран остров, кој по октомври е достапен само со авион, стана толку добар во фудбал?

Меѓу збирот од останати околности, Александар Холига за Телеграм објаснува:

"Во текот на оние 6-7 ладни месеци во годината не е можно ни да се тренира, ни да се игра, што отсекогаш го кочело развојот на спортови на отворено.

Меѓутоа националниот сојуз зацрта план: наместо мегаломански проекти како изградба на национален стадион, тој направи седум затворени и комплетно опремени игралишта со пропратни содржини, во кои непречено може да се игра во текот на целата година; низ земјата изградија повеќе надворешни игралишта со помали димензии со вештачка трева, подно греење и рефлекторско осветлување (што е посебно важно во периодот кога денот трае многу кратко или воопшто го нема). Денес и децата во многу малите рибарски села покрај брегот, како она во кое израсна Рагнар Сигурдсон, стрелецот против Англија, имаат игралиште кое можат да го користат речиси цела година.

Освен ова сојузот посебен акцент става на образованието на тренерите и денес децата уште во најраното доба добиваат образуван експерт кој ги води. Актуелната генерација беше прва која во својот развој имаше корист од ново изградените објекти и подобрените услови. Кога е воочено дека работите се развиваат во правилна насока и дека стигна екипата која конечно може нешто да направи на меѓународна сцена, за селектор е ангажиран докажаниот шведски мајстор Ларс Лагербак."

29 јуни 2016 - 10:59