Нејќе гром во Американец

Американците веќе не гинат од громови, од што во минатото беа масовно покосувани. Причината е едноставна и универзална: се напикаа селаните по градови.

Во првата половина од 20-от век од удар од гром просечно гинеле по 400 Американци годишно.

Во 2012-та, само 26.

Падот на бројот на жртвите е уште повидлив ако се земе предвид зголемувањето на населението во тој период. Од некогашните 3 до 4 жртви на еден милион Американци, стапката денес е падната на помалку од 0,1.

Главна причина е урбанизацијата. Руралната популација се намалува а жителите на градовите се далеку подобро заштитени од молњи. Тоа јасно се гледа од следната табела:

За ваквите податоци придонесува и општата модернизација, подобрување на домувањето и инфраструктурата дури и во селските подрачја. Дури и самиот аграр денес е поинаков; порано земјоделците биле по ниви, на отворено, држејќи ги ралата, денеска седат во метални кабини на своите трактори, заштитени од фарадеевиот кафез.

За комплетирање на приказната, во меѓувреме е зголемено и образованието во врска со заштитата од громови и подобрен е медицинскиот третман на жртвите. Во 1959-та година, на едно гинење имало двајца повредени. Денес односот е 1:10.

Ударот на гром е едно од најчестите клишеа за изразување на случајноста во животот. Горните податоци покажуваат дека иако тој и натаму мава рандом, постојат фактори кои можат да ја менуваат судбината.

15 јануари 2014 - 10:52