На Гордон Ремзи му забраниле да доаѓа на родителски

Повеќето пати не доаѓал на родителските средби кај своите деца, а кога дошол на една, посакал селфи со класната. Утредента добил меил од школото.

Популарниот готвач откри дека добил забрана за одење на родителски средби кај една од неговите ќерки. Признава дека често пати не успевал да стигне на родителските а на таа една на која дошол, му текнало да ја тера класната да се сликаат.

Утредента добил писмо од школото во кое се наведувало:

"Ве молиме воздржете се од понатамошно доаѓање на родителските средби. Не ни е потребно присуството на господинот Ремзи за нив".

Таа родителска стварно ја заебав, признава шефот.

Родителската била за неговата најмлада ќерка Тили (14 години). Не открива за кое школо се работи но е веројатно некое во ЛА каде што Ремзи има куќа од 4,3 милиони долари.

А има и 30-тина ресторани по светов, последниот му е во Лас Вегас во кој скапо им продава британски фиш & чипс на Американците.

30 септември 2016 - 13:20