Манијата по спинери пенетрираше и во порното

Факт: Фиџет спинерите се сè повеќе барани. Факт: На многу луѓе најзгодно им е да побараат работи за кои ќе се заинтересираат на сајтови кои и обично им вршат работа. Факт: На многу луѓе работа им вршат порно сајтови.  

„За само 10 дена забележавме 2,5 милиони пребарувања на „фиџет спинер“ на нашиот сајт“, соопштија од глобалната порно централа Порнхаб.

Истовремено, додадоа дека терминот влегол во трендинг поимите и дека мај најверојатно ќе го заврши во топ 5-те најбарани поими на месецот.

А што е фиџет спинер порно?

Ништо. добога! Просто, луѓето ги занима да не има и Порнхаб да (по)каже нешто на темава. Се разбира, веќе се јавијаве и досетливи ловци на лајкови кои на клиповите им даваат наслови од типот „Сврти го спинерот на нејзиниот врел задник“. Аха, главно тоа и се раскажува, некој свртува спинер наместен на нечиј газ (спојлер: на крај застанува). 

На сајтов пишувавме за феноменот овде, спомнавме дека има и мобилна апликација, со порново ја затвораме приказната. Барем додека не се заротира во некој неочекуван правец. 

Слободно со клипот, не е од Порнхаб:

 

26 мај 2017 - 17:04