Факти за Северна Кореја

Од најизолираната земја на светот често стигнуваат неверојатни информации кои подоцна се откриваат како лажни (како на пример дека смртна казна се извршува на полн стадион, со базука). Овојпат, само оние кои имаат некаков потпишан извор. Главно ЦИА ама па и тие некогаш знаат нешто.

Да беше американски, главниот град на Северна Кореја ќе беше четврти по големина.

Пјонгјанг има 2,84 милиони жители. А четврти град во САД е Хјустон со 2,19 милиони.

Извор CIA

Северна Кореја има 100 % писменост

Ако писменоста се дефинира како умеење луѓето постари од 15 да читаат и пишуваат, тогаш земјата има стопроцентна писменост.

Извор: CIA

Во земјата постојат 28 државно одобрени фризури

Жените можат да бираат меѓу 14 одобрени стилови. На мажените им се препорачува да ја носат косата собрана а сингл девојките можат да ја пуштаат. На мажите им е забрането да носат коса подолга од 5 сантиметри, на постарите им е дозволено до 7 сантими.

Коњакот на починатиот диктатор чини 800 пати повеќе од просечниот годишен приход

Стариот Ким Јонг Ил трошел 1,2 милиони долари на Хенеси. Просечната годишна плата во земјата се движи околу 1.500 долари.

извор: BBC

Истиот поседувал околу 20.000 видео касети

Телеграф тврди дека омилени му биле Рамбо, Годзила, Петок 13-ти. Ако филм просечно трае 90 минути, неговите 20.000 филма изнесуваат 3,5 години филмови.

Извор: The Telegraph

По територија е 5 пати поголема од Македонија

Северна Кореја има 120,538 квадратни километри, Македонија 25,713 km².

Извор: Википедија

Децата од Северна Кореја родени по Корејската војна се во просек 5 сантиметри помали од своите врсници на југот.

6 милионската нација е во постојан недостаток на храна а една третина од децата се хронично изгладнети. 

извор: USA Today

По бројност ја имаат четвртата најголема армија на светот

Во активен воен однос држат околу 1,19 милиони луѓе. Американските вооружени сили бројат 1,36 милиони луѓе. Заедно со резервистите, армијата на Северна Кореја брои колку што Сенегал има вкупно луѓе.

Извор: Wikipedia

Само 2,8 проценти од патиштата се асфалтирани

Во земјата има 25,554 километри патишта. Асфалтирани се само 724 километри.

извор: CIA

Бруто домашниот производ на Катар е 87 пати поголем од оној на Северна Кореја.

Катар - 102.100 долари по глава на жител. Северна Кореја - 1.800$. Вкупниот БДП на Корејците е колку половина од личното богатство на Карлос Слим.

Извор: CIA
29 декември 2014 - 15:19