Статус: комплицирано

Човекот настанал од свиња (и од мајмун)?

Ова е тврдењето на еден научник кој го оспорува Дарвин, и тоа не само за процедурата, туку и за расадот.

Логиката на Јуџин Меккарти тргнува од тоа дека луѓето претежно се дебели, мајмуните не се; луѓето претежно немаат влакна, мајмуните имаат; луѓето имаат нос што штрчи од лицето и е мек и жилав, мајмуните не.

Меккарти е генетичар од Универзитетот во Џорџија, кој од почетокот на 1980-те развива алтернативна теорија на еволуцијата, во која тој верува дека човекот е резултат на сексуални односи со нашиот најблизок роднина, шимпанзото, и животното со кого ги делиме горе споменатите карактеристики: свињата.

Тој некако доаѓа до заклучокот дека свињите и шимпанзата "и двете многу сексуални животни" низ историјата на своето постоење повеќе пати имале односи. Еден таков однос најверојатно резултира во зачнување на микс меѓу свиња и шимпанзо. Повеќе генерации нанапред и од овој микс почнува да се појавува нешто што заличува на човек. Откако ова му влегува во глава, тој запишува студии, па потоа постдипломски и докторски на Универзитетот во Џорџија на тема генетика.

Теоријата Мекарти ја објавува на својата веб-страна некаде во 2013, и од тогаш речиси непрестајно тој е исмејуван од колегите, а неговите теории се отфрлени како шпекулации (во најдобар случај).

Во битката со науката за сега проблем за Меккарти е и што нема никакви генетски докази што ќе ја поддржат неговата хипотеза.

Додека догматските дарвинисти се освестат и  сфатат дека човекот е во право, Меккарти разви своја верзија на еволуцијата во која природната селекција е заменета со процеси на стабилизација. Според ова толкување постојат сингуларни настани на нагли промени во животот кои потоа се стабилизираат во текот на неколку генерации и потоа остануваат такви се до исчезнувањето на видот. Спојувањето (хибридизација) на две врсти е најважниот дел од овој процес на стабилизација.

Причина за тоа што ја одбрал свињата како втората половина на човекот е заради методот кој го користи во утврдување на нашите предци. Кога му се појавува сомнежот и навлегува во тематиката тој аплицира метод што научниците понекогаш го користат за да ги погодат родителите на хибридно животно. По овој метод прво се одредува на кого најмногу потсетува хибридот, и потоа се листаат начините на кои тој се разликува од првиот родител за да се утврди вториот.

Во случајот со луѓето, Меккарти прво го идентификува шимпанзото, а потоа открива речиси 100 карактеристики кои немаат врска со шимпанзо, од кои сите посочуваат кон свињите. Тука вклучувајќи и сличности во бубрезите, гласните жици, срцето, лицето и мускулите на вратот.

Наспроти објаснувањето на Меккарти, позицијата на научниците е дека генетската разлика меѓу шимпанзата и свињите е премногу голема за тие да можат да создадат заедничко потомство. Рике Стелкенс асистент професор по зоологија на Универзитет во Стокхолм која цела кариера ја изучува улогата на хибридизацијата во еволуцијата, објаснува:

"Ќе биде просто невозможно да се покрие толкава (генетска) разлика без комплетно да се уништат основните функции за регулација и развој."

30 мај 2017 - 13:19