Празен Париз за вас, прекрасни невозачи на коли

На 27-ми септември годинава, Париз на еден ден го забранува возењето на моторизирани возила, a улиците на градот ќе им бидат достапни само на пешаците, велосипедистите и слични превозни опции.

Датумот за Денот без автомобили е темпиран да е во исто време со Конференцијата на ОН за климатски промени и Европската недела на мобилноста. Освен фраерско однесување, целта е да им се дозволи на жителите да го уживаат градот без автомобили во него и да видат како би изгледал.

Во акцијата учествуваат од првата до седмата градска област, плус 10-та и 11-та (ги има вкупно 20, наведените го опфаќаат поширокиот центар на градот). Планот треба да функционира од 11 од 18 часот.

Сличен режим најавија уште неколку градови вклучувајќи го Монтреал, Богота, Мексико сити и Хо Ши Мин Сити.

31 август 2015 - 17:24