Не е сè во парите, освен ако не сакаш паркинг во Хонгконг

Едно е недвижностите во форма на стан и куќа да бидат баснословно скапи, сосема друга димензија е паркинг место да чини речиси 670.000 долари.

Паркинг местото е на прв спрат од луксузен станбен комплекс во близина на брегот на Хонгконг.

Парите (точно 664.200 долари) се дадени за 17,5 метри квадратни, а ги плаќа Кван Ваи-минг, извршен директор на инвестициска компанија. Метар квадратен излегува 37.954 илјади долари.

За да биде појасно како некој има храброст да побара речиси 700.000 долари за паркинг место, треба да се знае дека минатиот месец еден тамошен тајкун плати 3 милијарди долари за купување плац во централната бизнис и шопинг област во градот.

Претходниот рекорд за паркинг место е од пред неполна една година кога во друг луксузен станбен комплекс во Хонгконг беше продадено паркинг место по цена од 615.369 долари.

Цените недвижностите во градот на големо растат од приливот на пари од Кина, што за инвестиции во недвижности, што за лична употреба.

15 јуни 2017 - 11:37