Холанѓанецот крена глас против клетиот скутер

Заради некаква дупка во законот, скутерите успеаа да им се протнат на Холанѓаните право на патеките за велосипеди, и ова многу почна да им крши филм на уживателите во велосипедската утопија. И не е дека овие безмоторниве се пицајзли, туку се проценува дека во Амстердам има околу 35.000 скутери.

Според закон на патеките за велосипеди уште од старт е дозволено движење на мопеди (мотор со педали), претежно за тоа што неговата брзина во времето кога е носен законот изнесува максимални 25 км/ч.

Како што минува времето производителите на скутери, кои не се дозволени на патеките, почнуваат брзината на моторите да ја ограничуваат на дозволените 25 км/ч. Без ова ограничување истите овие мотори достигнуваат брзина од 38 км/ч.

Токму ова ограничување дозволува скутерите да бидат возени на патеките за велосипеди, ама како што објаснува еден локален блогер и велосипедист "се покажа дека ограничувањето е лесно да се тргне па скутерот стана многу модерен и многу популарен начин на превоз." Во основа, луѓето почнале да купуваат скутери, да го тргаат ограничувањето да возат по велосипедските патеки, многу побрзо од дозволената брзина.

Во меѓувреме производителите на мопеди, сакајќи нивните модели да изгледаат поголеми и помодерни, почнаа истите да ги прават многу повеќе да наликуваат на скутери. Па така сега од надвор не можеш да разликуваш мопед од скутер, освен по бојата на регистрацијата. Мопедите имаат сина регистрација, а скутерите зелена.

"Голем број стари луѓе престанаа да возат точак а родителите се помалку волни да им дозволат на своите деца сами да возат точак на патеките. Ова е проблем посебно за земја каде голем број од децата во средно училиште сами возат точак до своите училишта често пати и на дистанци од над 25 км," објаснува блогерот Мартин Кливер, според кого од 2011 бројот на сообраќајки во кои биле вклучени велосипеди пораснал за 25%.

Проблемот од перспектива на велосипедист:

2 март 2017 - 11:09