Денешната архитектура е "чисто срање"

Френк Гери го сметаат за најславниот жив архитект на светот, ама го сметаат и за најлошиот жив архитект на светот. Нему многу многу не му е гајле за што го сметаат, само сака да го остават на раат.

На прес конференција во Овиедо, каде беше за да прима награда за архитектура, еден од новинарите го прашува Гери - "Што ќе им кажеш на оние кои те обвинуваат дека практикуваш претенциозна архитектура?"

На ова, првиот одговор на 85-годиниот архитект е високо подигнат среден прст, по што порачува:

"Дозволи ми да ти кажам една работа. Во овој свет во кој живееме, 98% од се' што денес се гради и дизајнира е чисто срање. Тоа се згради и толку. Сепак, понекогаш има мала група луѓе кои прават нешто посебно. Малкумина. Ама побогу, оставете не' на раат. Ние сме посветени на нашата работа. Јас не барам работа. Јас немам публицист. Јас не чекам некој да ми се јави. Јас работам со клиенти кои ја почитуваат уметноста на архитектурата. Затоа, те молам не поставувај глупи прашања како ова."

Некои од делата на Гери:

24 октомври 2014 - 11:07