Урбан

Не е сè во парите, освен ако не сакаш паркинг во Хонгконг

Едно е недвижностите во форма на стан и куќа да бидат баснословно скапи, сосема друга димензија е паркинг место да чини речиси 670.000 долари. Повеќе

Интерконтинентален автопат Лондон-Москва-Њујорк

Она што за минатите генерации беше Панамскиот канал, Суецкиот канал, Транссибирскта железница, за оваа генерација треба да биде спектакуларниот инфраструктурен проект кој со автопат ќе ја спојува Москва со Лондон на запад, и Њујорк на исток. Повеќе

Ковчезите на Хонгконг

Проблемот со просторот во Хонгконг е што го нема, а и таму кај што го има е премногу, планетарно многу, скап. Во популација со бројност како во Хонгконг ова остава стотици илјади луѓе да живеат во нешто кое со најмногу ласкање би се нарекло - нестандарден објект, локално се води како ковчег, а на прва буквално изгледа како шкаф. Повеќе

Луѓето возат погрешно во својот град

Човечки е да се претпостави дека луѓето разумно ги одбираат оптималните рути за стигнување до некое место во градот. Но, исто така човечки е да се биде неразумен. Повеќе

Стокхолм ќе се грее на сервери

Нуспојава од тоа што Стокхолм се намести како глобален центар за индустриски големи дата-центри е што имаат вишок топлина со која мора некако да се справат. Нуспојава од тоа што се Швеѓани е што оваа топлина ќе ја искористат на најкорисен можен начин. Повеќе

Њујорк ги гради Скалите кон никаде

Кога Хедервик студио минатата година ја претставија уметничката инсталација Vessel, впечатоците беа - одличен концепт, а очекувањата беа - ќе остане само концепт. Наспроти ова второво, Њујорк започна со изградба на скалилата кои не водат никаде, и догодина ќе бидат готови. Повеќе

Ако сакаш да упропастиш град, направи бесплатни паркинзи

Новото седиште на Епл ќе има канцелариски простор од 318.000 метри квадратни, и паркинг простор од 325.000 метри квадратни на кој треба да собере 11.000 паркинг места за неговите 14.000 вработени. И Епл не го прави ова затоа што има некоја новоосознаена пасија кон паркинзите, туку затоа што толку паркинг места следуваат за таа квадратура според локалните закони на Купертино. Повеќе

Москва ќе ги руши „руските“ згради

Ги викаат Хрушчковки и се исти со оние какви има во Скопје, изградени после земјотресот, со бетонски блокови кои го пропуштаат звукот на хрчењето на комшијата ама не и шајчето кое пробуваш да го заковаш на нив. Градските власти процениле дека таквите згради го одживеале своето. А сега, пазете цифра - ќе се уриваат 7.900 згради. Повеќе

Холандија става семафори на под
Зошто ќе се раѓаат сè поглупи луѓе

Ако те слупа кола само затоа што си толку глуп да поминуваш улица зјапајќи во својот мобилен, можеби тоа еволуцијата ти дава до знаење што мисли за тебе и твоето размножување на планетава. Ама не, Холандија ќе ги продолжува и тие видови. Повеќе

Холанѓанецот крена глас против клетиот скутер

Заради некаква дупка во законот, скутерите успеаа да им се протнат на Холанѓаните право на патеките за велосипеди, и ова многу почна да им крши филм на уживателите во велосипедската утопија. И не е дека овие безмоторниве се пицајзли, туку се проценува дека во Амстердам има околу 35.000 скутери. Повеќе