Митбастерс остана без пола екипа

По зборовите на Адам Севиџ, крајот на оваа сезона е и "крај на ера," од шоуто си заминуваат тројцата помошници водители: Кери Бајрон, Грант Имахара и Тори Белечи. Следната година ќе ги гледаме само Адам и Џејми.

Нема директно објаснување зошто тројцата повеќе не се во шоуто (плати или некоја кавга), а на ниво на шпекулации е дека од следната година малку ќе се менува форматот на емисијата за повеќе време да се одвои време за процесот на кој што се изработуваат експериментите за сметка на извршувањето.

Кери Бајрон беше во Митбастерс од 2003-та, Тори се приклучува во 2004-та, а Грант во 2005-та.

"Изгледа сега дознавате за вестите. После една деценија работа на Митбастерс повеќе не сме во шоуто," напиша Кери на Твитер.

Промената во поставата Адам и Џејми ја објавија на крајот од 9-та сезона.

 

22 август 2014 - 09:25