Колин Фарел потврден за Вистински детектив

Беше Бред Пит, па Винс Вон, за на крај главниот лик во втората сезона на Вистински детектив да го добие Колин Фарел.

Во интервју, Фарел откри дека е ќе се приклучи на екипата на серијата, притоа признавајќи дека чувствува "одредено ниво на нервоза" за тоа што повторно ќе се појавува на телевизија.

Инаку, има многу малку информации околу приказната во втора сезона. Се што знае Фарел е дека таа ќе се снима во Лос Анџелес, и дека се уште се бараат актерите за останатите ликови во серијата.

Слична информација даде и авторот на серијата, Ник Пицолао, според кој новата сезона ќе биде сместена во Калифорнија.

Она што за сега е сигурно е дека Метју Мекконахи и Вуди Харелсон нема да се појават во втората сезона, и дека нејзината премиера се очекува во 2015.

Малку потсетување. Воведната песна на Вистински детектив:

The Handsome Family - Far From Any Road

21 септември 2014 - 11:41