Има претерано многу телевизија

Во 2014-та на американските телевизии се емитувале 1.715 серии (не епизоди, туку серијали) од кои 352 биле по сценарио. Овие бројки се само за терминот од 20 до 23 часот.

"Ова значи дека на телевизија има 352 серии со сценарио во прајмтајм. Ова значи дека има 352 оригинални комедии и драми со стории и текстови. 352 серии кои се комплетно пополнети со потребните писатели, актери и режисери. 352 серии кои се натпреваруваат за ЕММИ, Златни Глобуси и САГ (Screen Actors Guild) наградите и - уште поважно - за вашето внимание.

Од овие 352 серии, 199 одат на кабелски, 129 на бесплатни телевизии и 24 на стриминг сервиси како Нетфликс, Амазон и Хулу. Да претпоставиме дека секоја од овие е поделена во серии од половина час (а не е), тоа се 15.840 минути серии неделно. Тоа е 264 часа или околу недела и пол," пишува телевизискиот критичар Кеви Фалон за Дејли Бист.

За споредба, во 2009-та има 87 серии со сценарио, во 2004-та се 45, а во 1999-та се само 26. (Под серии со сценарио се подразбираат програми како Игра на тронови, Реј Донова и слични, а надвор од тие 352 серии се сите Кардашијани и слични реални шоуа.)

"Ова значи раст од 665% од 1999-та до 2014-та. Дури и ако се пресметуваат само сериите со сценарио на кабелските телевизии во 2009-та има 87, наспроти 199 во 2014-та. Ова е пак неверојатен раст. Во рок од пет години бројката е зголемена за два пати.

Работата е што 2009-та не беше така далеку.

Го имавме истиот претседател што го имаме сега. На Билборд листата доминираа Бијонсе и Тејлор Свифт, а луѓето веќе дебатираа за поп заслугите на кантри пејачката. И дел од сега најпопуларните телевизиски серии веќе беа на програма: Модерно семејство, Теоријата за големиот прасок, Мед Мен, Паркови и рекреација и други...

... Според The Wrap Нетфликс, Хулу и Амазон годинава ќе потрошат 6,8 милијарди долари на содржини. Ова е феноменално, и е апсолутно застрашувачки," објаснува Фалон.

22 јануари 2015 - 16:29