Младост - глупост

Ќе ми каже некој кој е познатиов со кој се сликам?

Арно викаше Луис СиКеј, Исус да се симне на Земјава, наместо да го гледаат со свои очи (фул резолуција + 3Д) тие ќе ги дигнат телефоните за да снимаат и типот кој го чекаме 2.000 и кусур години ќе го зјапаат низ екранче.

Дисциплина кичме: Младост не оправдава бесвест

*******

Ник Кејв е еден од навлијателните ликови во модерната култура, што преку своите текстови и песни, што сам, што со Bad Seeds, The Birthday Party, Grinderman и други, што преку своите книги или сценарија.

Се разбира, тоа не значи дека мора сите да го знаат, особено не млад тинејџер од Нов Зеланд кој носи дукс со Мајли Сајрус.

Ама па, ако не го знаеш кој, шокур ќе се сликаш со него?

Класика: да не остане покусо. Кмишејќи на аеродром малиов видел дека група луѓе се собира околу некого и му бараат да се сликаат со него.

„ПОЗНАТ Е!“-  мудро заклучил во себе Џејмс Малколм, по што отишол и тој да ја искористи приликата, да стегне едно селфи и да се овековечи со познатиот. Се сликнал и ја објавил фотката со искрено прашање:

Ќе ми каже некој која е оваа ѕвезда со која се сликам?

Фацата на Кејв, прајслес:

******

 

 

19 јануари 2017 - 11:27