Фифти сентс, завршна сметка

По објавувањето банкрот (ама не од тој најлошиот, уште има пари човекот), Куртис Џексон мораше да се појави во суд, каде неверувањето околу неговиот банкрот го бранеше објаснувајќи "накитот и автомобилите ги враќам во продавница."

Форбс во мај го процени Фифти на 155 милиони долари, неговиот адвокат деновиве пред суд објави дека тој вреди 4,4 милиони долари, и заради ова не може да ја плати казната од 5 милиони долари за објавување на секс-снимката од поранешната девојка на Рик Рос.

На прашањата околу парите и луксузните предмети со кои се слика за социјалните медиуми, Фифти изјавил дека после сликање сето тоа го враќа во продавница.

За парите од 38 милиони продадени албуми, тој одговорил дека заработува само 10 центи од албум. За двата филмови во кои настапува тој заработил вкупно 100.000 долари, а за серијата "Моќ" платата му била по 150.000 долари за секоја од првите две сезони.

Објаснувањето на Фифти за банкротот:

22 јули 2015 - 10:51