Тајните на Папата

Со исклучок на документите кои се појавија во јавноста во 2012. Ватикан до сега успеваше крајно вешто да го спречи излегувањето на информациите во јавност. Сега откако Бенедикт XVI. ги објави плановите за пензионирање, малку од малку почнаа да се надзираат причините за неговата одлука.

Повреда на главата
За време на посетата на Мексико во март 2012. беше објавено дека Папата си ја удрил главата во својата спална соба. Ударот бил доволно силен за неговата коса и чаршафите да бидат во крв. Иако портпаролот на Ватикан изјави дека инцидентот "не влијаел" на одлуката за пензионирање, самиот Бенедикт изјави дека делумно се повлекува и заради здравјето.

Пејсмејкер
Ватикан нема дадено точен датум кога му е ставен пејсмејкер на Папата, само се знае дека тој го има уште од времето кога тој бил кардинал. Оваа информација се дозна дури во вторникот, кога Ватикан исто така потврди дека во декември 2012-та Папата бил на операција за замена на батеријата на пејсмејкерот.

Изградбата на папската резиденција
Затоа што ова беше прво пензионирање на Папа по 600 години, Ватикан се соочи со проблем со сместување. Рајзингер повеќе не може да живее во Апостолската палата, и заради тоа Ватикан уште есента започнал со изградба на резиденција за него. Целиот проект беше држен во тајност и покрај тоа што летоска банкарите на Ватикан се пожалија дека некој ги краде (премногу им наплаќа) на договорите за градење. Оваа ставка е сосема спротивна на официјалниот став на Ватикан, според кој личната одлука на Папата била одеднаш донесена и дека и самите претставници на Ватикан се изненадени од неа.

Сепак допрва треба да се чекаат информациите за вистинската причина за оставката на Папата, и како на неа влијаеа најразличните скандали што го снајдоа Ватикан, плус минатото на Папата.

15 февруари 2013 - 11:14