Муслимански бегалци во Германија преминуваат во христијанство

Дел од преобратените ја земаат христијанската вера на својот пат кон Европа, а најчеста причина за ова е затоа што во своите родни земји под страв од репресија не смееле да ја сменат верата, објавува Индепендент.

Германските цркви тврдат дека се повеќе бегалци преминуваат од Ислам во христијанство при нивното населување во Германија.

"Голем број од нив доаѓаат во Германија и мислат, тука можам да ја изберам мојата религија и сакам да ја изберам религијата на слободата," скромно порачува еден германски поп кој има крстено неколку десетини бегалци.

Најголемиот дел од бегалците кои решиле да ја сменат верата доаѓаат од Иран и Авганистан, а има и одреден број од Сирија и Еритреја.

Германија не води официјален број на преобратени бегалци, меѓутоа праксата прв пат е регистрирана во 2013, кога германската евангелистичка црква објави водич за крстење на азиланти во Германија.

Дел од стравот е дека менувањето на верата може да е мотивирано од верувањето дека тоа ќе ги зголеми шансите на бегалците да земат азил во Германија. Минатата година во Германија влегоа речиси 900.000 бегалци.

12 декември 2016 - 10:24