Кина ги спасува Кинезите од крстови

До сега по барање на Комунистичката партија симнати се крстовите од крововите на над 1.200 цркви во Кина, под објаснување дека тоа се прави "во име на безбедноста и убавината."

Aктивисти за човекови права од провинцијата Жеџијанг, обвинуваат дека кампањата е обид на властите да се забави растот на христијанството во еден од регионите со најголем број цркви во Кина.

Според одредени процени Кина сега е дом на 100 милиони христијани, споредно со 88 милиони членови на Комунистичката партија.

Кампањата почнува на крајот од 2013-та, и во неа најчесто се вадат јарките црвени крстови од црквите, меѓутоа има и неколку објекти кои се комплетно разрушени.

Неодамна беше срушена црква на 5 спрата. Според весниците демолирањето било "доброволно," откако на сопствениците им било воочено дека им фали некој документи за изградба.

29 јули 2015 - 17:31