Во светот на платите

Список на најплатените работни позиции во компанијата Тесла. Листата е од професии кои работат нешто, без церемонијалните и непродуктивни титули како човечки ресурси, среден менаџмент, процедури и најразлични директори.

Платите се годишни.

Машински инженер: 97.220 долари. Задолжени за развивање на најразлични делови за возилата, од компоненти за шасија до автоматското менување брзини. Со бонуси, платата стига до 99.249 долари.

Инженер за проверка на квалитет: 97.938 долари. Ја следат секоја фаза од развојот на софтверот за автомобилите и дали тој е во согласност со стандардите на компанијата.

Дизајнер: 99.664 долари. Тесла обично бара дизајнери кои специјализирале во одредено поле. Моментално бараат инженери по машински дизајн специјализирани за погон, шасија и други полиња.

Електроинженер: 100.325 долари. Овие обично работат во групи со машинските инженери и со инженерите за фирмвер.

Инженери: 109.514 долари. Компанијата нуди неколку различни инженерски позиции низ различни оддели. Моментално има 194 отворени работни места за инженери.

Сениор инженер за производство: 113.972 долари. Самата титула значи и повисока плата. Во некои оддели титулата "постар" бара најмалку 10 години искуство.

Сениор дизајнер: 115.315 долари. Не само што платата на постар дизајнер е една од највисоките во компанијата, туку со бонуси таа може да стигне и до 271.179 долари годишно.

Сениор проект инженер: 117.501 долари.

Фирмвер инженер: 121.229 долари. Работат на кодот кој управува со процесорите на сите уреди и возила на Тесла.

Сениор CAE инженер: 133.819 долари. CAE = computer-aided engineering. Овие се задолжени за симулирање на перформансите на најразлични производи и делови преку софтвер. Резултатите покажуваат на што треба да се работи.

Сениор машински инженер: 145.755 долари. Одговорен за дизајнирање, анализирање и тестирање на механичките делови. Потребно искуство за позицијата меѓу 5 и 10 години. Со бонус платата може да стигне до 230.069 долари.

20 мај 2015 - 18:08