Три дена месечно платен одмор за „добиено“

Италијанскиот парламент разгледува предлог-закон што ќе ги присили компаниите да обезбедат три дена месечно платен одмор за вработените жени што имаат проблематична менструација.

Со овој закон Италија би станала првата западна земја со официјално „менструално отсуство“ за вработени жени. Предложениот закон има и поддршка, меѓутоа има и критичари, вклучително меѓу жените, кои стравуваат дека ваквите правила само ќе го отежнат вработувањето на жени во земјата, која и онака има проблем со невработеноста.

Додека магазинот Мари Клер го опишува законот како „знаменосец на напредокот и општествената одржливост“, списанието Дона Модерна објавува дека законот би можел да има спротивен ефект  „работодавците уште повеќе да преферираат мажи при вработувањето“.

И пред овој предлог, на хартија, Италија има закони што се наклонети кон жените. 5 месеци платено трудничко е задолжително и за работодавците и за вработената, што значи дека првите се должни да го дадат трудничко, а вторите не смеат да го одбијат. За време на овој период трудницата добива 80% од платата. По ова и двата родители имаат право на уште 6 месеци трудничко, период за кој добиваат 30% од својата плата.

Сличен ваков закон до сега е воведен во делови од Кина, Јапонија и Јужна Кореја.

28 март 2017 - 11:21