На еркондишни црн народ

Тоа што сред лето на работа ти е смрзнување или што е кочан ладно кога влегуваш во зграда на некоја мега корпорација, многу помалку има врска со нивната загриженост за тебе, отколку со намерата да ја демонстрираат својата семоќност.

Во разговор со Њујорк Тајмс, еден од експертите на темава објаснува дека во овој случај репутацијата е многу поважна отколку рационалноста.

"Да можеш да направиш на луѓето да им студи сред лето е знак на моќ и престиж," објаснува Ричард де Деар, директорот на лабораторијата за квалитет на внатрешната околина од Универзитеот во Сиднеј, дополнувајќи дека притоа комфорот на вработените или муштериите е нерелевантен.

Кејт Марфи од Њујорк Тајмс се фаќа за нашите вродените перцепции објаснувајќи: "како новороденчиња ние учиме да ја поврземе топлината со безбедноста од рацете на нашите родители. Нашата потсвест го изедначува студот со ранливост, што делумно објаснува зошто луѓето можат да бидат толку мизерни кога им студи."

7 јули 2015 - 18:08