Ленка да сакаше да ниже тутун сè ќе беше друго?

Еден од најдонкихотовски заблудени интернет цитати гласи "работи го она што го сакаш, и нема да работиш ниту ден во животот". И ако си работел повеќе од ден во животот, знаеш колку е ова наивно.

Во разговор за П-портал, хрватскиот филозоф Маја Солар објаснува дека во ера на капитализам цинично е да се каже "дека го работиш она што го сакаш".

"Ние не можеме да зборуваме за креативна и исполнителна работа во капитализмот - барем не за најголемиот број луѓе. Работата во капитализмот не е ни најмалку едноставна, убава и креативна... работата, пред сè не е избор - најголемиот број луѓе се принудени да ги работат оние видови работи кои воопшто не се привлечни, ни пријатни, ни исполнувачки, а огромен број луѓе е принуден на страшно тешка и опасна работа, од која брзо им се искривува кичмата и заболуваат од најопасни болести.

Работата во рамките на капитализмот најчесто е работа која ги затупува луѓето, ги прави уморни, резигнирани и депресивни, им го скратува животот и ги убива... Принудата на таква врста работа е наследна во капитализмот. Од таму и слоганот работи го она што го сакаш не само што е циничен туку и многу штетен и ги продлабочува општествените разлики. Дури кога ќе имаме потполно поинакво општество во кој работата нема да се организира на основа на создавање профит - би можеле да размислуваме за тоа како да го организираме трудот на начин на кој сите ќе ги исполнува," објаснува Солар.

Остатокот од разговорот со Солар, тука

7 јуни 2017 - 13:14