Канцелариски кучиња и мачки за опуштени вработени

Од сите мерки што ги имаат на располагање, за да го намалат стресот на работа јапонските фирми (инаку глобален авторитет на тема стрес) ангажираат канцелариски животни, и тоа не по едно туку по неколку.

Методот во нијансирани верзии е имплементиран во голем број јапонски компании. Во некои компанијата има канцелариски мачки, кучиња, па дури и кози и алпака, во други, на вработените им е дозволено на работа да ги носат своите миленичиња од дома.

Терапијата на залечување и смирување со животни се практикува и вон работната околина, па на пример само во Токио има околу 60 регистрирани кафулиња со мачки.

Она на што најмногу паѓаат вработените кај животните е нивната незаинтересираност за сета драма што се случува околу нив, и како едноставно само дремат по цел ден во целата таа гужва.

Проблем во ваквата работна околина? Како што на животните не им е гајле за ништо, така не им е гајле ни за тоа што ти го прекинале телефонскиот разговор или ти го исклучиле компјутерот од штекер.

26 мај 2017 - 10:14