Французите се изборија за раат попладниња

Од 1-ви јануари француските работници имаат "право да се дисконектираат" односно повеќе не мораат да проверуваат меил попладне по крајот на работното време.

Во иднина француските компании се должни да им го гарантираат на работниците "правото да се дисконектираат" од технологијата. Воведувањето на законот ќе значи дека секоја организација со повеќе од 50 вработени треба да почне преговори со вработените "за да го дефинира правото на работниците да ги игнорираат нивните смартфони."

Доколку работодавецот и вработените не можат да постигнат договор, компанијата е должна да официјално да ги објави барањата за и правата на работниците вон работно време.

Претераната употреба на дигитални уреди се смета за главна причина за сè од премореност и поспаност до проблеми во врска.

Мерката треба да им воведе одреден мир на вработените од кои најголемиот дел не се сигурни кога можат да се исклучат. Освен тоа намерата е и да се справи со растот на појавата на секогаш достапен вработен, која доведе до пораст на обично неплатена прекувремена работа.

Дел од мерките кои до сега ги имаат преземно работодавците на оваа тема е прекинување на конекциите кон меил серверот во попладневните часови и викендите, па дури и автоматско бришење на мејловите кои им се испраќаат на вработените кога тие се на одмор.

31 декември 2016 - 12:27