Фејсбук интервју за работа

Не секогаш парите се одлучувачки фактор во изборот на твоето следно работно место, ама ако знаеш дека компанијата на приправниците им плаќа 67.000 долари годишно, тогаш има нешто и во парите. Без разлика на мотивацијата на кандидатите, ова се некои од најтешките прашања од интервјуа за вработување во Фејсбук.

- Имаш зграда со 100 спрата. Добиваш 2 идентични јајца. Како ќе ги искористиш двете јајца за да го најдеш оптималниот спрат, каде јајцето дефинитивно би се скршило ако го фрлиш од еден спрат над спратот Х, вклучувајќи го и спратот Х. (кандидат за изучувач на податоци)

- Ако треба да ги редизајнираш банкоматите како би го направил тоа? (кандидат за продукт дизајнер)

- Колку роденденски постови се објавуваат на Фејсбук секој ден? (кандидат за изучувач на податоци)

- Колку ќе наплатиш за да го испереш секој прозорец во Сиетл? (кандидат за онлајн продажба)

- Што би правел тука на првиот ден на работа? (кандидат за партнер за технологија)

- Објасни како функционира вебстраната (ова е целото прашање, без да се даде некаков контекст). (кандидат за технички проект менаџер)

- Имаш две сијалици и зграда од 100 спрата. Најди го спратот од кој сијалицата ќе се скрши ако ја фрлиш од таму. Најди го со најмал број на фрлања. (кандидат за софтверски инженер)

- Колку правосмукалки има во САД? (кандидат за аналитичар на ризик)

- Кои опции ги имаш, зли или поинакви, да ги сопреш луѓето што се на иста безжична мрежа како и ти (ама од која немаш администраторски пристап) да го цицаат цел сообраќај за стримување видеа? (кандидат за продукциски инженер)

- Каков ти е планот во случај да видиш дека аплоудирањето фотографии одеднаш се намалило за 50%? (во оригинал: Operations Associate User Intelligence candidate)

- Те киднапира руски гангстер. Става два куршума еден до друг во празен револвер, го врти буренцето, го нанишанува кон тебе и пука. *клик* Уште си жив. Потоа те прашува дали сакаш пак да го врти или одма да пука. За секоја од опциите колкава е веројатноста дека ќе бидеш застрелан? (кандидат за интернет маркетинг аналитичар)

- Дали Фејсбук треба да продолжи да додава опции, или треба да се потпре на апликации од 3-ти страни? (кандидат за продукт дизајнер)

- Колку пари се трошат на интернет? (кандидат за акаунт менаџер)

- Дали мислиш дека Фејсбук треба да биде достапен во Кина? (кандидат за аналитичар за кориснички операции)

- 25 тркачки коњи, без стоперица. 5 патеки. Откри ги 3-те најбрзи коњи со најмал број на трки. (кандидат за летен приправник за софтверски инженер)

останатите прашања

18 април 2015 - 20:53