Дали бесплатната храна ќе направи да си ја сакаш работата?

Додека меѓу себе се договорат директорите и луѓето од човечки ресурси, ваше е да кажете – не знам, ама дај да пробаме.

Гугл не само што бесплатно им дели храна на вработените, туку наводно има и "правило на 50 метри," кое предвидува дека ниту еден вработен не треба да е повеќе од 50 метри оддалечен од место со храна. Една од форите што ги прави околу бесплатната храна е планирано создавање редици (со разумна должина), со цел да поттикне "случајни интеракции" меѓу вработените во надеж дека тие ќе доведат до креативни дискусии.

Психологот од Универзитетот на Централен Ланкшаер, Сенди Ман објаснува дека иако храната е бесплатна, компаниите сепак очекуваат да добијат нешто за возврат, "ова е истиот принцип што луѓето од маркетинг го користат кога ти даваат бесплатни примероци."

Entrepreneur.com на компаниите им препорачува 2 пати неделно да им служат "континентален појадок" на своите вработени. Сличен предлог има и професорката по менаџмент од Универзитетот во Кент, Памела Јео, според која ваквите дополнувања се поефективни ако не се дел од рутина, "ако не се очекувани и ако на луѓето им кажеш дека се затоа што си имал фантастичен месец, тогаш е многу подобро."

Психолошки претпоставката зад целата пракса се базира на хиерархијата на потреби на Маслов, според кој најосновните потреби се психолошки (храна и засолниште). Ако овие работи се подмирени вработениот може да размислува за следните фази, и само откако ќе биде ослободен од обични човечки грижи, тој може да продолжи кон "само-остварување," комплетно посветување на нивната работа што ќе направи да се чувствуваат исполнети.

24 ноември 2014 - 10:19