Работа

Ленка да сакаше да ниже тутун сè ќе беше друго?

Еден од најдонкихотовски заблудени интернет цитати гласи "работи го она што го сакаш, и нема да работиш ниту ден во животот". И ако си работел повеќе од ден во животот, знаеш колку е ова наивно. Повеќе

Канцелариски кучиња и мачки за опуштени вработени

Од сите мерки што ги имаат на располагање, за да го намалат стресот на работа јапонските фирми (инаку глобален авторитет на тема стрес) ангажираат канцелариски животни, и тоа не по едно туку по неколку. Повеќе

Ти не си Џобс, а и Џобс не беше некој пример
Околу вработените и "гонителите на робови"

Нарекуван најголемиот бизнисмен во светот и најдобриот ЦЕО на својата генерација, Стив Џобс во исто време е познат и по 30-минутното дерење на цели оддели, понижување на персонал или опишување на своите вработени колку не ги бива. Повеќе

Беше потребен век да се создаде викендот, а деценија за да се уништи

Правото на гарантирани два слободни дена во текот на неделата кое пред околу стотина години беше изборено преку крвави штрајкови и судири со власта, во немерлив наплив на космичка иронија за само десетина години речиси доброволно беше предадено токму од генерацијата што ја има најсовршената технологија за заштеда на време. Повеќе

Запотени и среќни

Настинката е единствено нешто што луѓето го мразат повеќе од својата работа, а и покрај сè што е изменето и подобрено во работните услови во последните 150 години луѓето остануваат несреќни на работа. Повеќе

Колку е добро да си стажант (во овие 25 компании)

Од овој текст ќе научиме две работи: што е медијана, и дека стажантите (најдолниот вид работници во кој било корпорациски ланец на исхрана) во Фејсбук се платени 8.000 долари месечно. Повеќе

Така забушаваат Американците

Кокошка ја нападна мајка ми и крава ми провали во домот, се само дел од најчудните изговори за недоаѓање на работа во САД. Скоро 30% од американските работници, инаку здрави прави, барем еднаш во годината не дошле на работа правдајќи се дека не им е добро. Повеќе

За свет со намќори што не глумат среќа

Секој што во својот стаж има повеќе од 3-4 новогодишни прослави од работа, има сфатено дека целата мантра "биди позитивен и насмеан на работа" е само непотребно смарање. Едноставно, константна состојба на радост не е ничија природна позиција. Повеќе

Што потрефија Германците околу продуктивноста

Текстот е напишан за американска публика, и на неа и порачува дека ОК е што толку се запнати да работат без усул, ама треба малку и да одморат и да се посветат на себе. За тукашната публика пораката од текстот оди во спротивен правец - тоа што Германците се кршат од работа не значи дека не знаат да одморат. Повеќе

Потполната бескорисност на интервјуата за работа

Работодавците обично сакаат да имаат лабави (неструктурирани) интервјуа за подобро да го запознаат кандидатот. Меѓутоа обично крајниот исход е формирање силна ама неоправдана импресија за кандидатот, "што најчесто повеќе зборува за нивниот карактер отколку на кандидатот". Повеќе