Зошто шкотските тинејџери се откажаа од пиење?

Шкотска направи дабл-дабл во решавањето на алкохолизмот, откако со еден потег успеа да го намали консумирањето алкохол меѓу тинејџерите, а притоа ништо да не им наруши во пиењето на недолжните не-тинејџери.

САЛСУС (Scottish Schools Adolescent Lifestyle And Substance Use Survey) објавува нов извештај според кој шкотските тинејџери пијат 45% помалку во однос на 2010-та. По бројки, 19% од Шкотите на 15-годишна возраст сами пријавиле дека минатата недела се напиле алкохол, споредено со 34% во 2010-та. Кај 13-годишниците разликата е 4% наспроти 14% во 2010-та. И двете статиски се најниски во последните 24 години.

Што се случува?

Во 2008-ма Шкотска објавува обемен извештај под наслов "Менување на шкотскиот однос со алкохолот: дискусија за нашиот стратешки пристап." Воведот е напишан од тогашниот заменик министер за здравство, во кој се порачува дека алкохолот е значителен фактор кој го спречува "социјалниот и економски раст" на Шкотска, и кој секоја година ја чини земјата 2,8 милијарди евра.

Една од главните точки на извештајот и мерките препорачани со него е да се спречи "злоупотреба" на алкохолот од млади луѓе и во рамките на семејствата. Во тоа време 40% од 15-годишните Шкоти и 15% од 13-годишниците, претходната недела консумирале алкохол.

Меѓу решенијата во извештајот е зголемување на цената на алкохолот, построга контрола на продажбата и дистрибуцијата, и зголемување на границата за легално консумирање алкохол на 21 година. Последната точка Шкотите се обидоа да ја имплементираат во 2008-ма и 2010-та, за на крај да се откажат од неа. Меѓутоа, тука Шкотите продолжија со засилена кампања за кревање на свесноста и образованието за злоупотреба на алкохолот, што според новите статистики дава резултати.

28 ноември 2014 - 11:23