Во одбрана на поседувањето дрога

Јавно, ама без да се трудат да бидат многу гласни, Светската здравствена организација поддржа укинување на казните за поседување дрога за лично користење, а им даде и препораки на државите како да го направат тоа.

Во извештајот што е на тема превенција на ХИВ, има и дел посветен на добрата пракса околу декриминализацијата:

- Државите треба да работата на развивање политики и закони кои ќе ги декриминализираат дрогите и со тоа да го намалат бројот на затвореници.

- Државите треба да работат кон развивање на политики и закони кои декриминализираат користење на чисти игли и шприцови и кои го легализираат супститутите на опијатите за луѓе кои се зависни од опијати.

- Државите треба да го забранат задолжителниот третман за луѓе кои користат дрога.

Предлогот на СЗО се однесува стриктно на личната употреба на дроги, а никако не го опфаќа одгледувањето, производството и трговијата.

Звучи револуционерно како за агенција на О.Н. ама ова не е прв пат од таму да дојдат вакви предлози и целата идеја се базира на Конвенција на О.Н. од 1988-ма со која им се дозволува на државите да го криминализираат користењето на дрога, исто така им дозволува и "алтернатива за кривично обвинение или казна..."

Според др. Ендру Бол од СЗО, постои се поголем интерес "за наметнување на таква флексибилност во интерпретацијата на Конвенцијата за јавно здравје и човечки права"

Инаку, Португалија уште од 2001-ва ги декриминализираше сите дроги за лична употреба. Од тогаш бележи драматичен пад на користењето дроги од околу 50%.

Сличен став околу декриминализацијата има и Канцеларијата на О.Н. за дрога и криминал, која во 2009-та препорачува "третмани, рехабилитација и општествена реинтеграција како алтернатива за судски санкции." Генералното собрание на О.Н. планира да одржи специјална седница во 2016-та, која ќе биде посветена на "светскиот проблем со дрогата."

25 јули 2014 - 15:39