Што шмркаат глумците?

Не по дома, туку на работа, пред камера за време на снимање филм, кога службено мора да се подадат по порокот што им е препишан по сценарио.

Пушење
До 90-те, во најголем дел се користат регуларни цигари и ова најчесто се користи и како шанса за реклама и уште еден извор на пари за филмот.

Денешната верзија е направена од растителни состојки кои не создаваат зависност. И овие се до некаде штетни за здравјето, ама се далеку поздрава алтернатива. На инсистирање на одредени актери се прават посебни видови цигари, како примерот со Лиам Нисон, кој во филмот Нон стоп, пуши цигари од чај од камилица.

Марихуана
Повторно се работи за растителна замена на оригиналот. За филмот Пајнапл експрес се користи лажна марихуана од компанијата International Oddities, која има одредено дејство меѓутоа не доволно силно за глумецот да ја утне сцената.

Кокаин
Во минатото комбинацијата е млеко во прашок и сода бикарбона. Денес се користи иноситол, витамин Б во прашок кој во нарко индустријата се употребува за "разредување" на кокаинот. И овој прашок има мал кревачки ефект.

Хероин
Тука нема прашоци, ниту замени, туку се решава со префрлање на друг кадар во моментот кога иглата ќе ја допре кожата, или пак со шприц со игла која се собира на допир плус компјутерски ефекти.

3 февруари 2016 - 16:28