Марихуаната е најмалиот нарко проблем на полицијата, според полицијата

За преовладувачкото мнозинство од американската полиција марихуаната не е сериозна закана заедницата, е крајниот резултат од анкетата што ја спроведува американското ЕнТеШе.

За националната проценка за заканата од дрога, ДЕА анкетира над 1.000 институции / агенции за спроведување на законот, кои треба да кажат која дрога ја сметаат за најголема закана за општеството. Од овие 1.000, само нешто под 6% од испитаниците ја ставиле марихуаната на прво место. Ова е бројка која на анкетава е во постојан пад од средината на минатата деценија.

За споредба речиси три четвртини од полициските оддели го ставиле хероинот или метамфетаминот на врвот на листата. Перцепцијата за опасноста на овие две дроги е четирикратно зголемена од 2007-ма.

"Резултатите индицираат став од безбедносните структури кој на експертите и истражувачите одамна им е познат: споредено со рекреативните супстанци, вклучително и алкохолот, марихуаната не предизвикува толку голема штета. Таа веројатно е побезбедна отколку што луѓето веруваат. И без разлика дали се загрижен околу потенцијалната опасност за поединци или цели заедници, марихуаната е многу ниско на листата на рекреативни супстанци," пишува Кристофер Инграм за Вашингтон пост.

Сојузната и локалната полиција објаснува и дека марихуаната не е голем поттикнувач на криминал.

И покрај ова, не се намалува бројот на апсења за поседување марихуана. Едно од објаснувањата за ова е што таа е најраспространета дрога, што со самиот број на корисници носи и поголем број на потенцијални уапсени. Сериозната последица од овие апсења е што на нив се трошат драгоцени ресурси и време кои инаку би биле искористени на посериозни кривични дела, како силувања или убиства.

6 ноември 2015 - 18:25