Ситничарење на научно ниво

New Scientist ни донесе вест која зрачи со политички оптимизам. Предизборните ветувања не се најкраткото нешто во нашиот универзум.

Група физичари од Пасадена поставија граница на најмалата должина што може да биде измерена. Сè што се наоѓа под таа граница е немерливо бидејќи инструментот кој би го сторил тоа, би бил згмечен од црната дупка кој сам би ја создал.

Ова откритие се базира на техниката која ја користи интерференцијата кај брановите за мерење на екстремно мали должини. Според квантната теорија, колку попрецизни резултати сакате, толку поголем интерферометар ви треба, поради што научниците сметаат дека ова е крајната вредност до која може да се дојде.

Постојат неколку фактори кои ги ограничуваат понатамошните истражувања.

За сè помало од ова би бил потребен инструмент кој би требало да биде распореден на екстремно голем простор во вселената. Во спротивно, толку голема маса концентрирана на помал простор би создала доволно гравитација да се создаде црна дупка која би го вшмукала инструментот.

Теоретски, доколку би се создал доволно голем инструмент, тој би бил толкав што неговите делови не би можеле да комуницираат меѓусебно дури и ако меѓусебно општат со одвива со брзина на светлоста.

Да резимираме, она што во нашиот локален космос е осминка бурек, на вселенско ниво е 10 на минус 33-та сантиметри односно 0.000000000000000000000000000000001 cm (нема ваљда да ситничарите и пребројувате нули?)

29 март 2017 - 16:20