Да се ДНК или не?

Научници успеале да ги енкодираат собраните дела на Вилијам Шекспир и да ги складираат во ДНК. И во човечкиот хард диск останало уште многу место за порно клипови.

Сите 154 сонети на англискиот драматург биле сместени во човечка ДНК откако луѓето од Кембриџ нашле заеднички јазик меѓу дигиталните единици и нули и четирите протеини на ДНК. Целта е да се покажат огромните можности на генетското складирање и опцијата во генетските конци да се зачуваат огромни количини информации кои би траеле десетина илјади години.

Еден сонет на Шекспир, преточен во ДНК, тежи 0,3 милионити дел од милионити дел на еден грам. А грамот собира повеќе од 100 ЦД-а.

Освен Шекспир, во пренесувачот на човечкиот живот досега е успеано да се вметне и аудио материјал, говорот на Мартин Лутер Кинг од 1963-та година.

Пред маестрално да зезнеме нешто во објаснување како точно е изведена процедурата "save as" на Шекспир во ДНК, еве линк.

24 јануари 2013 - 10:33