Зиги се врати меѓу ѕвездите

Како се пишува вест кога ќе умре некој како Дејвид Боуви? "Роден во работничко семејство во источен Лондон... љубовта кон музиката ја открива во раната младост... долго време жиивее и твори...посмртните останки ќе бидат изложени..."?

Негов прв сингл беше Space Oddity. Кога таква песна ќе објавиш во 1969-та година (прва на топ листите таа година беше Sugar, Sugar од Арчис) на светот му даваш до знаење дека си малку од некој друг век и малку од некоја друга планета.

47 години подоцна, само денови пред да почине од рак на 69 годишна возраст ни го остави тестаменталниот албум Blackstar:

Цел тој период од речиси половина век, Боуви ни го одржуваше чувството дека е суштество од друг век и од друга планета.

Сега сме сигурни дека е така.

*************************
Јебеш 'Ashes to Ashes', одиме со 'Rebel, Rebel':


 

 

 

11 јануари 2016 - 10:03