Петиција на која не може да има доволно потписи

Канје Вест, човекот жанр сам по себе, одлучи својата болка за заминувањето на Боуви да ја искаже на најдобар можен начин на кој тоа го знае - да издаде албум со препеви на песните на Боуви. Илјадници луѓе од сите краеви на планетава се кренаа на нозе да го замолат Канје никогаш да не го направи ова.

До сега, за само еден ден, речиси 5.000 луѓе ја имаат потпишано петицијата да се спречи Канје да го снима трибјут албумот за Боуви. Во понеделникот Канје најави дека веќе работи во студио на римејк на Charges, Heroes и Rebel, Rebel.

Дејли Стар ја пренесува изјавата на своите извори, "некои се чисти кавер верзии во кои Канје пее, а на други тој рапува свој текст врз музиката на Боуви."

Во објаснувањето на петицијата против албумот, пишува "Дејвид Боуви е еден од најважните музичари на 20-от и 21-от век, би било сквернавење да се дозволи ова да биде уништено од Канје Вест." Во текстот исто така се тврди дека Канје се гледа себе си како наследник на Боуви во однос на музичките иновации.

еден линк

20 јануари 2016 - 14:21