Албумот без звук заработи 20.000 долари

Вулфпек е бендот што објави албум на Спотифај кој беше составен од комплетна тишина, со исклучок на инструкциите на почетокот, во кои ти кажува да го пуштиш албумот и да си легнеш. Не се работеше за некаква критика на модерната музика и начинот на кој заработуваат музичарите, туку луѓето сакаа да соберат пари за турнеја.

Албумот Sleepify беше повлечен од Спотифај по 7 недели, откако на сервисот почнале да се множат луѓе што ја копираат идејата на Вулфпек.

Во овие 7 недели, нумерите од албумот биле пуштени 5,5 милиони пати. По цена од 0,0030 долари за секое пуштање (тоа е тарифата на Спотифај) Вулфпек заработуваат 19.655 долари. И покрај тоа што беа банирани, Спотифај ќе им ги исплати парите на Вулфпек.

"Пак сме присилени кон заклучокот дека музиката треба да биде или поскапа или бесплатна. Она што сега го имаме, средина, е апсурдно. Во еден вид манифест од пред неколку години, пејачката на Ловер Денс, која дефинитивно се залага за поскапа музика, концизно го предвиде Вулфпек проблемот: '... ваков вид на пазар е во корист на музичари кои пишуваат за товарот да го добијат вашето внимание, наместо да пишуваат како што сакаат да пишуваат и да го следат уметничкиот импулс.' И ако главна задача на уметникот е да се добие внимание, тогаш уметничкиот производ не е чудо ако биде само тишина," пишува Вајс.

(на тема музика без музика) Перформансот на Вилијам Маркс на композицијата 4'33" од композиторот Џон Кејџ

29 јули 2014 - 15:04