Музика

Како Инстаграм ќе ги уништи продуцентските куќи
Што ќе ти менаџер кога имаш 100 милиони следбеници

Еден Инстаграм пост на Бијонсе, фотографија со неколку зборови под нејзе (и тие незадолжителни), се проценува дека вреди околу 1 милион долари. Повеќе

Како политичката коректност го замолче Лу Рид

Светот на младите останува? Ако светот стане онаков каков што го замислуваат некои од „напредните“ меѓу нив, нека им го. Повеќе

Том Морело за Крис Корнел

„Ти благодарам за твоето пријателство и твојот хумор и твојот интелект и единствен и неспоредлив талент“, напиша по веста за трагичната смрт на Крис Корнел неговиот соборец од Аудиослејв, Том Морело. И додаде поема посветена на својот другар. Повеќе

Бев на последниот концерт на Корнел и видов знаци кои ја најавуваа трагедијата

Кога вечерта на вести ќе видиш како завршил човекот на чиј концерт штотуку си бил. И одеднаш ќе ти текне со која песна го завршил настапот. Повеќе

Почина Крис Корнел

Брзо и неочекувано, на 52 години, само неколку часа по настап, почина Крис Корнел од Саундгарден и Аудиослејв, едно од најубавите рокерски грла на сите времиња. Глас распослан во четири октави во кој чудесно се мешаа и свила и шмиргла.  Повеќе

Како Нирвана смени еден живот

Иако неволно, дечково учествувал во немирите во ЛА пред 25 години. Крадејќи во продавница, ненамерно џапнал и ЦД од Нирвана, за кои немал појма ни кои се. Мирисот на тинејџерскиот дух му го променил животот.  Повеќе

Бананата
Кој тоа наполни 50 години?

Лу Рид, Џон Кејл, Морин Такер, Стерлинг Морисон и со нив ледената германска божица Нико: монументални распади кои одат, наркофилски ѕверови, декадентни трубадури, велеградски шљам, провинцијалци и фолиранти на кои случајно им паднало да бидат генијални, блазирани, одвнатре размонтирани протопсихопанк пролетери: и ете три четврт саат со најразулавената, највалканата, најопасната и најнежната музика која дотогаш е снимена на планетата. Повеќе

Новиот басист на Корн има 12 години

Реџиналд „Филди“ Арвизу, стандардниот басист на легендарната група не можел да стигне на закажаната јужнамериканска турнеја. За среќа, нашле замена. А и некој во Металика ќе знае дека син му е на прав пат. Повеќе

Џони, би гуд
РИП Чак Бери

Бидејќи ние за некои луѓе не пишуваме само кога ќе умрат, ќе повториме што напишавме за него кога беше жив: „Чак Бери е човекот од кого почна сè, ама апсолутно сè од она што денес го знаеме како рокенрол музика и нејзините мал милион деривати. А токму рифовите од неговата Johnny B. Goode сe оние кои ja дефлорираа музиката, ѝ ја одземаа дотогашната невиност и неповратно ја направија дрска и секси. Повеќе

30 години подоцна, сè уште е подобро да издадеш плоча отколку пријател

Пред точно 30 години, на 22 февруари 1987 година, КУД Идијоти завршија со снимање на своето прво дискографско издание, шест години после формирањето на бендот. Повеќе