Фармерки за богати кои глумат дека се работничка класа

За само 425 долари можете да изгледате како пред пет минути да сте товареле даски и цемент. Ако има правда, така облечени ќе си најдете женска која се носи како да сте ѝ втор.

Американскиот ланец со луксузни дуќани за облека Нордстром за 425 долари нуди лажно валкани фармерки. Моделот се вика Баракуда, со прави ногавици и би требало да доловува мажјак кој живее од трудот на своите раце.

„Калта покажува дека не се плашите да се фатите за работа и да се извалкате“, стои во описот на фармерките на нивниот сајт при што се додава дека дизајнот на овој модел ја доловува старата добра работничка облека на трудољубивите Американци.

Освен што акциите на берза не им стојат лошо, во Нордстром главно се занимаваат со бришење коментари на нивниот сајт на кој им се налепија безброј гневни или сеирџиски расположени читатели за да им кажат што мислат за ваквото лажно глумење „работничка класа минус поштена интелигенција“.

"Јас ќе го почекам моделот со кравји лепешки, иако мислам дека тој ќе биде поскап"

или

„Мора да е одлично чувството да изгледаш како да си ги нахранил свињите, да си породил теле и да си одглавил трактор а да знаеш дека не си ни излегол од своето БМВ“.

Претходно, во март годинава, Нордстром го збесна интернетот кога во своите продажни салони понуди женски фармерки направени од Топшоп кои се викаа „Clear Knee Mom Jeans“ и кај колената имаа проѕирна мушама. За што би служела таква глупост ќе ви текне ако се согласите со нас дека ферски македонски превод на фармерките најверојатно би гласел: „Коленичев јас пред него“.

 

26 април 2017 - 17:05